• Иван Димовски
Како што веќе беше најавено, септемврискиот и октомврискиот репрезентативен прозорец на ФИФА ќе се спојат од 2026 година. Тоа стапува на сила и следното издание на Лигата на нациите ќе биде првото во Европа кое ќе се игра по новиот формат.
Шесте кола од групната фаза ќе бидат поделени на два дела, односно првите четири ќе се одиграат од 24 септември до 6 октомври во двата споени прозорци, а потоа петтото и шестото ќе се играат од 12 до 17 ноември.
По комплетирањето на групите, Лигата на нациите ќе има плеј-оф дуели од четвртфиналето во март, додека завршниот турнир е на програмата во јуни.
Македонија во ова издание за првпат во историјата ќе игра во Лига Б. Извлекувањето за групите е закажано за почетокот на 2026 година, се очекува набргу да се формираат и шеширите. Освен Македонија во Б-сегментот се натпреваруваат уште: Австрија, БиХ, Грузија, Унгарија, Израел, Косово, Северна Ирска, Полска, Република Ирска, Романија, Шкотска, Словенија, Шведска, Швајцарија и Украина.

