Промена во последен момент: Нови протоколи за навивачи кои сакаат на СП 2022

СП 2022

Фудбалските фанови за два месеци ќе имаат можност да уживаат во Светското првенство, кое за првпат ќе се одигра во зимскиот период. Домаќин ќе биде Катар, кој ги прави завршните подготовки за фудбалскиот спектакл кој ќе биде во фокусот на целиот свет.

Поради активната пандемија со коронавирус, организаторите на турнирот поставија голем број протоколи за сите заинтересирани навивачи кои сакаат да патуваат во државата. Последната одлука ќе ги примора сите патници од странство да направат лабараториски тест, пред да пристигнат на катарско тло. Стрикните мерки неодамна беа укинати во Катар. Тоа значи дека сите мора да носат заштитни маски само во јавниот транспорт и здравствените установи. Дури 96% од државјаните се вакцинирани, што е петти највисок процент на имунизација против ковид-19 во светски рамки.

Услужните работници, како што се чуварите, келнерите и возачите, сè уште се обврзани да носат маски и покрај високите температури. Зимското Светско првенство започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. Титулата од пред четири години ќе ја брани репрезентацијата на Франција.

По барање на домаќинот Катар, Светското првенство ќе започне ден порано од предвиденото. Меѓународната фудбалска федерација на крај го прифати овој предлог, па домашната репрезентација ќе игра на првиот натпревар од турнирот.

>>> СП 2022: Целосен распоред на натпревари од групна фаза до финале