Промена во евро-куповите: Кој е подобар во лигашкиот дел, добива реванш дома

УЕФА направи нова промена во своите натпреварувања за новата сезона. Повеќе нема да се извлекува преку ждрепката за тоа кој ќе биде домаќин во елиминациите. Наместо тоа, тимот што бил подобро пласиран во лигашката фаза ќе ја има предноста да игра на свој терен во реваншот.

Ова правило ќе важи за Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Конференциската лига и женската Лигата на шампионит.

Пример од минатата сезона: иако Арсенал заврши трет, а Реал Мадрид единаесетти во лигашката фаза, реваншот се играше во Мадрид. Според новите правила, тој меч ќе се играл во Лондон. Интересен детаљ е што „привилегијата“ ќе може да се наследи. Ако тимот со полош пласман елиминира носител, го наследува неговиот статус за следната рунда.

Со оваа промена, УЕФА сака да ѝ даде поголема тежина на фазата по групи, а играњето реванш пред домашна публика се смета за важна предност.