• Саше Љолес
Офанзивниот фудбалер на Удинезе, Николо Заниоло, промаши нешто што навистина е тешко да се промаши.
На натпреварот против Каљари во Серија А, Заниоло доби една топка после грешката на гостинскиот голман, но наместо да ја смести во мрежата, шутна силно над пречката, по што и самиот остана во неверување.
Удинезе и Каљари ги поделија бодовите во ремито со конечни 1-1, а може да се каже дека токму Заниоло е виновникот што домашниот тим не ги освои сите три бода.




