Промаши празна мрежа од пет метри: Новото засилување на Челзи не се прослави (ВИДЕО)

Енцо Мареска ја запиша првата победа како менаџер на Челзи. Сепак, дуелот ос Конференциската лига на УЕФА против Сервет ќе се памети по едно големо промашување.

Каталонецот Марк Гиу пресече топка на голманот на Швајцарците, тргна сам кон противничкиот гол и на неверојатен начин не успеа да даде гол на празна мрежа.

По првиот дел без голови, Нкунку го отвори резултатот од пенал, а точка стави Мадуеке во 76. минута.