Пролетната битка може да почне: Вардар и Македонија ЃП први на „бојното“ поле

Со градското дерби меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров стартуваат новите возбудувања од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во саботниот термин од 14:00 часот на Арената „Тодор Проески“, лидерот на табелата ќе ги пречека „лавовите“ и ќе се обиде да продолжи со позитивните резултати во прволигашкото друштво. 

„Црвено-црните“ и оваа зима немаа право да купуваат нови играчи, па така товарот во пролетниот дел од сезоната ќе го понесат истите фудбалери, но ослабени со Никола Серафимов, Стефан Наумчевски кои оваа зима го напуштија клубот. 

За разлика од вардарци, Македонија ЃП беше активна на трансфер-пазарот и своите редови ги засили со неколку искусни фудбалери. Мартин Ковачев, Филип Петров, Давид Атанаскоски и Томе Китановски треба да донесат дополнителен квалитет во ростерот на Наџи Шансои, кој откако се пресели во Ѓорче, тимот значително го подигна нивото на игра и им се врати на победите. 

  • ПОСЛЕДНИ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ НА ВАРДАР И МАКЕДОНИЈА ЃП:

19.10.2019 - Македонија ЃП - Вардар 1-1 
11.08.2019 - Вардар - Македонија ЃП 0-2
24.04.2019 - Македонија ЃП - Вардар 0-2
03.03.2019 - Вардар - Македонија ЃП 3-1
31.10.2018 - Македонија ЃП - Вардар 1-3

Двете екипи своите подготовки за вториот дел од сезоната во ПМФЛ ги одработија во Анталија, но не можат да се пофалат со позитивни резултати на пријателските средби, затоа што не извојуваа ниту една победа. Хендикеп за лидерот на овој натпревар ќе биде отсуството на најдобриот играч Даниел Аврамовски, кој е суспендиран поради жолти картони.

Но, тоа беа само контролни натпревари, на кои двата стратези имаа задача да ги согледаат слабостите на своите тимови и да им дадат шанса за докажување на помладите. Сега пред нив е вистинскиот предизвик, Вардар се бори по две години пауза да ја симне Шкендија од тронот и повторно да слави титула, додека Македонија ЃП ќе брка нов излез на европска сцена. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15