Проклетството на Ремзи трае: Даде гол и го „уби“ фронтменот на Продиџи

Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, кога и да даде гол, од светот заминува по една славна личност. Така беше и овој пат, по дерби-дуелот против Тотенхем кој заврши без победник (1-1).

Ремзи го отвори резултатот, а по викендот, пристигна вест дека од овој свет замина легендарниот фротмен на групата „Продиџи“, Кит Флинт. Британецот беше пронајден мртов во својот дом на 50-годишна возраст, а причините за смртта се непознати.

„Тоа се само луди гласини, иако имам „убиено“ некои навистина големи негативци како Бин-Ладен и Гадафи“, велеш пред неколку години Ремзи.

Неверојатното таканаречено „Ремзи“ проклетство започна на 16 октомви 2009 година, а првата жртва беше новинарот Андрес Монтес. 

„Клетвата на Ремзи“ „однесе“ дури 20 славни личности починаа по головите на фудбалерот на „топчиите“, како Стив Џобс, Осама бин Ладен, Муамар Гадафи, Витни Хјустон, Дејвид Боуви...

Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи потпиша договор со Јувентус, каде што ќе се пресели наредното лето бесплатно. Ремзи потпиша четиригодишен договор, со неделна плата од 400.000 фунти и ќе стане втор најплатен фудбалер во италијанскиот гигант и во италијанската Серија А.

Прошталното писмо на Ремзи за фановите на Арсенал: 

„Ме дочекавте како тинејџер и бевте тука за мене низ сите успеси и падови со кои се сретнав со текот на времето. Со тешко срце заминувам после 11 неверојатни години во Северен Лондон. Ви благодарам. Ќе продолжам да давам максимум од своите можности во надеж дека силно ќе ја завршиме сезоната, пред да го отворам моето ново поглавје во Торино“, напиша Рамзи.

Голот на Ремзи против Тотенхем во саботата: 

Арсенал е петтопласиран во Премиер лигата со 57 бода и се бори за влез во Лигата на шампионите.