Проклетството на Мбапе: Парижани не му простија и го навредуваа на Трокадеро! (ВИДЕО)

Килијан Мбапе сè уште чека на трофејот од Лигата на шампионите. Во текот на претходните пет сезони, клубовите за кои играше или за кои игра освоија четири титули.

И покрај ова, Мбапе не бил дел од тие прослави. Реал славеше во 2022 и 2024 година, додека Килијан пристигна во Мадрид една година потоа, токму од Париз. Пари Сен Жермен триумфираше во 2025 и 2026 година, па Мбапе не ги „фати“ ниту тие трофеи.

Многу навивачи на ПСЖ сè уште не му простиле што си замина, и ја искористија прославата на новата титула европски шампион за да го „пецнат“.

„Мбапе, кучкин сине“, скандираа париските навивачи на Трокадеро.

Францускиот ас веќе втора година е во Реал Мадрид и засега нема освоено ниту еден трофеј со „кралевите“.