Проклетството на Кејн се префрли кај Коман, прекината серија долга 11 години

Фудбалерите на Баерн Минхен ја прекинаа низата од единаесет шампионски титули во низа во Бундеслигата. „Виновник“ за тоа е Баер Леверкузен кој игра неверојатна сезона во која по 29 кола нема ниту еден пораз. Не само што Баерн ја прекина својата низа, туку и на Кингсли Коман, кој за првпат од почетокот на професионалната кариера ќе остане без трофеј во рацете.

Коман кариерата ја започна во ПСЖ со кој освои две титули, потоа со Јувентус освои исто толку пехари во Италија, а потоа следуваше трансфер во Минхен. Во Баерн продолжи во ист ритам со дури седум последователни титули во германскиот шампионат. Ова го прави еден од најтрофејните играч во светот на фудбалот.

Постојат индиции дека Французинот би можел да го напушти Баерн ова лето. Баварците ги слушаат сите понуди за Коман кој го постигна најважниот гол во поновата историја на клубот. Тој беше стрелец во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година против ПСЖ, обезбедувајќи го трофејот од најелитниот европски Куп.

Од друга страна, пак, Хари Кејн, одново ќе остане без трофеј. Легендата на Тотенхем минатото лето ги замина од Лондон со цел да освојува титули, но пак ќе остане со празни раце. Се чини дека проклетството на Кејн го зарази и Коман.