Прогнозите се јасни: Флорентино Перез убедливо до нов мандат во Реал Мадрид!

Според неколку аналитички агенции и повеќе шпански извори, на претстојните претседателски избори во Реал Мадрид, актуелниот претседател Флорентино Перез би можел убедливо да остане на функцијата, освојувајќи околу 66% од гласовите. 

Според ваквите проекции, неговиот противкандидат Енрике Рикелме би освоил околу 34%, што би претставувало јасна, но недоволна поддршка за промена на раководството.

Доколку се реализира ваквиот исход, Перез би добил нов мандат на чело на Реал Мадрид и би продолжил со проектите насочени кон понатамошна модернизација на клубот, зајакнување на спортскиот проект и одржување на финансиската стабилност.

Ваквиот исход би бил протолкуван како потврда дека мнозинството членови сè уште ја поддржуваат неговата визија и начинот на управување со клубот.

Под водство на Перез, Реал Мадрид освои голем број трофеи во домашни и меѓународни рамки, а како прв потег во новиот мандат би требало да биде доведувањето на Жозе Мурињо на клупата на „кралевите“.