• Саше Љолес
Фудбалерот на Борац од Бања Лука, Василије Терзиќ, барем за момент доживеа голема слава низ Европа и се најде во центарот на вниманието откако постигна фантастичен гол на натпреварот против тимот на Габела во босанското првенство.
Борац ја оправда фаворитската улога и на домашен терен славеше со убедливи 3-0, но најважен момент на мечот беше голот на Терзиќ, кој го совлада гостинскиот голман со ефектен удар од половина терен!
Vasilije Terzić postiže gol sa svoje polovine! @FKBoracBL pic.twitter.com/xNJhhxqzFG
— Tiket (@tiket_ba) March 4, 2024
Гостите ја загубија топката, Терзиќ ја прифати и без многу двоумење упати директен удар од својата половина. Голманот беше излезен малку повеќе од потребното и немаше никакви шанси да го одбрани шутот на Терзиќ, кој го постигна првиот гол сезонава.
Борац Бања Лука ја забележа шеснаесеттата победа сезонава и е убедлив лидер на табелата, со предност од девет бодови пред второпласираниот Зрињски.