• Зоран Мишевски
Како и во Скопје против Вардар, Зенит на Манчини поведе по само пет минути и против Реал Сосиедад. Русите ја искористија грешката на Зубелдија во одбраната и еден од многубројните Аргентинци, Емилијано Ариел Ригони го доведе Зенит во водство со прекрасен удар по земја (1-0).
Во 23. минута најдобриот фудбалер на Зенит, Александар Кокорин го постигна вториот гол по грубата грешка на Рули и ги руши надежите на баскискиот тим воден од Еузебио (2-0).