ВИДЕО: Продолжува македонската серија во Палермо - Трајковски „стрелаше“ против Лече

Александар Трајковски ја игра веројатно својата најдобра сезона во Италија. Јужното дерби во рамките на 27. коло на Серија Б започна во знакот на скопјанецот.

Македонскиот креативец уште во четвртата минута ја подигна „Ренцо Барбера“, откако го отвори резултатот на дуелот против Лече (1-0). Десетката на Палермо дочека една топка на работ на казнениот простор, биеше по земја о и топката отседна во десниот долен агол на гостинскиот голман Вигорито. 

Ова е одличен почеток за екипата од Сицилија, за која пак во стартниот тим е и вториот Македонец, Илија Несторовски.

Минатата недела против Бреша погоди Несторовски, сега ред е на Трајковски, па Палермо „турка на „македонски погон“ кон Серија А.