ВИДЕО: Продолжува агонијата на Фиорентина, прими гол во 94. минута и освои бод со Торино

По двата врзани порази екипата на Фиорентина беше на неколку минути до враќање на победничката патека во Серија А, но не издржа до крај, прими гол во судиското надополнување и освои само бод против Торино (2-2).

Колку оваа сезона е ранлива одбраната на Торино, тим кој што досега има примено најмногу голови во Серија А, се покажа и вечерва. „Биковите“ први зададоа удар и преку Чезаре Касадеи поведоа во 26. минута, но сè се распадна за само шест минути на стартот од вториот дел.

Во 51. минута Соломон втор натпревар во низа се запиша во листата на стрелците, откако претходно погоди и против шампионот Наполи, и на домаќинот му донесе израмнување на 1-1. Веќе во следниот напад, првата ѕвезда на Фиорентина, Моизе Кин се најде на вистинско место и во вистинско време и стрелаше за голема радост на трибините и водство на својот тим од 2-1.

Фиорентина искусно ја чуваше стекната предност, Давид де Хеа беше несовладлив, но не и во судиското продолжение во кое Марипан со глава биеше неодбранливо за конечни 2-2.

  • Извештај од натпреварот:

Во следното коло Фиорентина гостува кај незгодниот Комо, додеа Торино го чека дуел со Болоња.