ВИДЕО: Продолжи „проклетството“ на фаворитите на рестартот во Португалија

Сите фаворити не успеаја да победат на рестартот на португалскиот шампионат. Во последниот натпревар, Брага загуби кај Санта Клара (3-2) и не успеа да му побегне на Спортинг Лисабон на табелата.

Прв киксна Спортинг, потоа загуби Порто, па Бенфика одигра реми со Тондеља, за на крајот на колото за фаворитите да изненади и Брага. Тимот кој важеше за голем фаворит на хартија двапати водеше, ама на крајот загуби.

Резултатот го отвори Франсерџо во 20. минута, а Санта Клара изедначи во 34. минута преку Тиаго Сантана. На стартот на вториот дел Тринкао ја врати позитивата за Брага, а во 66. минута Силва направи пенал и доби црвен картон, а истиот во гол за 2-2 го претвори пак Тиаго Сантана. Кога сите очекуваа крај, гол вреден три бода за Санта Клара постигна Карваљо во 92. минута.

Со овој триумф Санта Клара се искачи на осмото место во Примиера, додека Брага останува третопласирана.