• Зоран Мишевски
Шпанија е вториот полуфиналист на Европското првенство за фудбалери до 21 година, откако по продолженија ја совлада Швајцарија со 2-1 (1-1, 0-0). „Фуријата“ се избори за место меѓу четирите најдобри и е на чекор до олимписка виза за Париз.
Дуелот во Букурешт долго време беше израмнет и без шанси, за во вториот дел Шпанија да се наметне и заслужено да поведе. Серхио Гомез во 67. минута со прекрасен погодок ги доведе Иберијците во водство. Кога се чинеше дека победникот е извесен, во 90. минута Зеки Амбуди израмни и го внесе натпреварот во продолженија.
Швајцарците се бранеа и калкулираа, мислејќи на пеналите, па Хуан Миранда ги казни и постигна гол за финални 2-1 во 102. минута. Противник на Шпанија во полуфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Украина - Франција.
Аако Франција и Англија ги добија своите четвртфинални натпревари против Украина и Португалија, Шпанија уште утревечер ќе може да слави место на олимпискиот турнир.