„Продај ја јахтата, стадионот нека оди под хипотека, оти без него сме како Кристал Палас...“

Екипата на Челзи го победи Вест Хем со двата гола на Еден Азар и се искачи на третата позиција на табелата во Премиер лигата.

>>> ВИДЕО: Семоќниот Азар со два гола донесе победа за Челзи против Вест Хем

Белгискиот интернационалец стигна до учинок од 16 гола и 12 асистенции во тековната сезона. Навивачите не се подготвени да се разделат од него, и покрај сите шпекулации за трансфер ова лето, па испратија порака до нивниот претседател, Роман Абрамович.

„Продај ги јахтата и дијамантите, но него мораш да го задржиш. Стави го стадионот под хипотека, бидејќи без него ќе бидеме како Кристал Палас“ , гласеше пораката на некои од фановите на лондонската екипа.

Сите го споредуваат значењето на 28-годишникот со она на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во своите екипи.

Ако се погледне историјата, ретко кој фудбалер го одбил Реал Мадрид, па не се очекува тоа да го направи белгискиот интернациноалец, кој јавно кажува дека сон му е да се пресели во шпанскиот гигант.

Останува само да се договори откупната цена. Премиерлигашот бара 120 милиони, а „кралевите“ не сакаат да одделат повеќе од 80 милиони.