Проблемот на Зидан со Перез? „Ножичките“ на Бејл во финалето од ЛШ

Зидан Перез насловна

Голема прашина се подигна поради заминувањето на Зинедин Зидан од Реал Мадрид, поточно од факторите кои го натераа да се раздели со клубот и покрај сите успеси.

Шпански „Ел Паис“ откри нова причина поради која Французинот ја напушти клупата на „кралевите“. Според пишувањата, Герет Бејл е името кое беше виновно за несогласувањата помеѓу тренерот и претседателот Флорентино Перез.

Популарниот Зизу сакал да се ослободи од Велшанецот, на што добил негативен одговор од својот претседател, кој се премисли поради „ножичките“ во финалето од Лигата на шампионите во Киев.

„Бејл е подобар од Роналдо, бидејќи ја прави разликата на големите натпревари“ , биле зборовите на Перез кон Зидан.

Францускиот стратег не се согласил и побарал негова продажба за да се соберат 100 милиони евра за купување на Мохамед Салах, Еден Азар или Хари Кејн.

На крај, Французинот беше тој кој си замина од клубот.