„Проблемот на Барса не е ВАР, туку очајниот фудбал кој го игра...“

Rivaldo

Легендата на бразилскиот фудбал и Барселона, Ривалдо, ги налути каталонските фанови со својата последна изјава. 

Во последно време постојано се зборува за помошта која Реал Мадрид ја добива од судиите. Меѓутоа, мислењето на екс репрезентативецот на „кариоките“ е дека тоа не е причината поради која мадриѓани се на чело на табелата во Примера.

„Според мене, проблемот на Барселона не е ВАР или судиските одлуки. Вината треба да се бара во очајниот фудбал кој што го игра во последната сезона. Треба да се врати оној допадлив стил кој ќе го натера светот повторно да се заљуби во клубот.

Секогаш ќе има критики за судиските одлуки, но тоа не секогаш е проблемот во пласманот. Треба само да се спореди како играат Реал и Барса и ќе биде малку појасно...“, изјави Ривалдо.

Каталонците имаат четири бода негатива во однос на „кралевите“ на три кола до крајот. Трката за трофејот ќе биде неизвесна, а предноста според досега прикажаното е на страна на тимот од престолнината.