Проблемите немаат крај: Меси ја пропушта и Валенсија!?

Иако првичните очекувања беа позитивни и се предвидуваше дека Лионел Меси ќе отсуствува само еден натпревар, сепак проблемите со првата ѕвезда на Барселона сè уште се присутни.

Пред самиот старт на сезоната Меси се повреди на тренинг и се веруваше дека ќе го пропушти само дуелот со Атлетик Билбао, но според последните информации кои доаѓаат од Каталонија, најверојатно нема да биде во составот на Ернесто Валвереде ниту за мечот со Валенсија кој се игра овој викенд. 

Аргентинецот пред извесен период се врати во тренажен процен, но наводно искусниот стратег не сакал да ризикува и му дал дополнителен одмор. 

Засега не е позната ниту ситуацијата со Луис Суарез, кој се повреди уште на дуелот со Атлетик Билбао, кој Барса го загуби со 1-0.