Проблемите на Челзи немаат крај: Уште „незапочнат“ мечот со Брајтон – прими гол! (ВИДЕО)

Проблемите на Челзи како да немаат крај во финишот од сезоната во Премиер лигата. „Сините“ никако да застанат на здрави нозе, веќе се во серија од четири порази, а вечерва уште „не започнат“ натпреварот со Брајтон – имаат негатива од 1-0.

Се играше третата минута на „Амекс“, кога по еден корнер и мешаница во срцето на казнениот простор на лондончани, Кадиоглу шутираше кон голот и со помош на блокот го совлада Санчез за огромна радост на трибините.

Дуелот на „Амекс“ е од круцијално значење за двете екипи, затоа што се борат за местата кои што идната сезона водат во Лигата на шампионите.