Проблемите кои го прават кам-бекот на Премиер лигата невозможен

ПЛ

Најавено е дека фудбалот во Англија ќе се врати во мај, но засега прогнозите се дека тоа ќе биде исклучително тешко, поради комплицираната ситуација која ја носи пандемијата со коронавирус.

Денес ќе биде одржан нов состанок на кој што ќе се разговара околу завршницата во Премиер лигата. Постојат голем број пречки кои стојат на патот на враќање на натпреварите во наредните неколку месеци.

Не е невозможен, но за да се изведе овој предизвик ќе мора да се внимава на сите ризици. Медицинските експерти препорачуваат фудбалот да продолжи на неутрални терени, кои целосно ќе бидат дезинфицирани. Тоалетите ќе бидат надвор од употреба во тренинг центрите и ќе мора да се прават околу 350 тестови за коронавирус за да бидат обезбедени првичните услови за организација на натпреварите.

Тоа се мерките за кои ќе се разговара наредната недела, со цел да се спречи сценарио како во Франција, каде првенството беше прекинато, а титулата му беше доделена на екипата на ПСЖ.

Присуство на гледачи е пречкртано од плановите, а дополнително се разгледува опцијата да се намали бројот на присутни луѓе кои се потребни за натпреварите да се одвиваат во нормален тек.

Ако се земат предвид овие прогнози и ризици, тогаш многу е тешко да се верува дека сезоната ќе се доигра во Англија, иако фановите веруваат дека финансиите ќе бидат причина тоа да се случи.