• Иван Димовски
Жозе Мурињо се соочува со сериозен проблем пред стартот на Лигата на шампионите, бидејќи Реал Мадрид во вторник го пречекува Интер без речиси целиот среден ред.
Арда Ѓулер, Едуардо Камавинга и Бернардо Силва се суспендирани поради црвените картони од минатата сезона, додека неизвесен е и настапот на Орелиен Чуамени поради повреда.
„Не знам дали Чуамени воопшто ќе биде подготвен за Интер. Ќе имаме проблем во средниот ред поради суспензиите на Ѓулер, Бернардо Силва и Камавинга. Практично, Валверде ќе биде единствениот играч од првиот тим кој ни е на располагање. Имаме голем проблем кој мора да го решиме“, изјави Мурињо.
Според шпанските медиуми, Мурињо ќе мора да импровизира, а како опции се споменуваат повлекување на Џуд Белингем подлабоко во средниот ред, како и користење на Александер-Арнолд или стоперот Дин Хујсен.
Реал во натпреварот влегува по првиот пораз сезонава, од Бетис со 1-0, додека за Мурињо дуелот со Интер ќе биде особено емотивен поради неговата славна епизода во Милано и освојувањето на тројната круна во 2010 година.







