Проблеми за премиерлигашот: На Евертон му се заканува одземање на бодови?

На премиерлигашот Евертон му се заканува одземање бодови поради нелегален премин на актуелниот менаџер Марко Силва од Вотфорд. „Карамелите“ се обвинети од страна на раководството на Вотфорд за нелегален обид да го ангажираат менаџерот Силва, кој на крајот сепак премина на „Гудисон Парк“.

Челниците на Евертон немале право без дозвола од клубот да го контактираат Силва. Меѓутоа, не реагирале на тоа и константно воделе телефонски разговори и имале средби со Португалецот, кој беше под важечки договор со Вотфорд.

За сега се води истрага, но обвиненијата од страна на Вотфорд се сериозни, па Евертон би можел да остане без одреден број бодови, ако се прогласи за виновен. Евертон по четири меча е без пораз, има една победа и три реми средби.