Проблеми за Милан, се повреди „омилениот“ играч на Пиоли

Фудбалерите на Милан во саботата ја совладаа Верона на „Сан Сиро“, минимално со 1-0 со голот на Рафаел Леао. За овој меч Стефано Пиоли беше приморан да изнесе комбиниран тим, поради неколкуте отсуства. 

Сепак, еден од најстандардните играчи оваа сезона, Раде Круниќ, пак беше на теренот од првата минута. Тоа му се одби од глава на Милан бидејќи Босанецот заработи повреда на мускулите. Поради оптеретување, Круниќ го очекува пауза од околу еден месец, што е проблем за „росонерите“ бидејќи долго отсутен е и Исмаел Бенасер. 

Од друга страна, Круниќ е меѓу омилените фудбалери на Стефано Пиоли. Познато е дека тренерите секогаш ги почитуваат играчите кои се универзалци и покриваат повеќе позиции, а токму таков е Круниќ. Босанскиот играч за врска беше пред заминување летово, ама Пиоли нагласи дека сака да го задржи, му даде голема улога на стартот на сезоната и Круниќ засега добро ја исполнуваше.

Во негово отсуство, повеќе простор ќе добие Јачин Адли, а тука е и Тијани Реијндерс кој инаку е поофанзивен.