• Горан Упале
По завршувањето на секоја репрезентативна пауза, клубовите ги бројат здравите фудбалери кои што се вратија по обврските во своите селекции. Повредите за време на репрезентативните настапи се сè почести во модерниот фудбал, а бројни клубови веќе објавуваат за проблемите во своите редови.
Меѓу нив се најде и англиски Ливерпул. Некогашниот шампион во Премиер лигата остана без младиот Харви Елиот, кој ќе мора да мирува неколку недели. Тој се здоби со скршеница на коската на стапалото, која ќе бара неколкунеделно заздравување.
Повредата ја заработи на тренингот на младата репрезентација на Англија, а денеска беше потврдена сериозноста на повредата. Иако Елиот не беше стартер за Арне Слот, тој сигурно дека ќе беше многу важен во напорниот распоред со кој се соочува тимот во наредните недели.
Елиот ќе ги пропушти првенствените натпревари против Нотингем Форест, Борнмут, Волвс, Кристал Палас и Челзи, како и натпреварите од Лигата на шампионите со Милан на „Сан Сиро“ и Болоња на „Енфилд“, како и гостувањето на Вест Хем на Лига Купот.