Проблеми за Конте, Наполи четири недели без важна алка од тимот

Фудбалерот на Наполи и репрезентативец на Словачка, Станислав Лоботка, доживеал повреда за време на собирот на националниот тим, кој се подготвува за квалификациските натпревари со Северна Ирска и Луксембург

Лекарските прегледи покажаа дека играчот на Наполи го истегнал на бутниот мускул, а повредата се случила за време на натпреварот од Серија А против Џенова (2-1). Според лекарите, Лоботка ќе отсуствува од три до четири недели.

Словачка ќе игра против Северна Ирска на 10 октомври во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година, а три дена подоцна, на 13 октомври, против Луксембург.

ФОТО/PHOTO: SSC Napoli