• Зоран Мишевски
Иако реди победи, првакот на Германија има и грижи. Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Конрад Лаимер, ќе биде надвор од терените во догледна иднина поради скинат мускул на листот.
Австриецот се повреди во средата на натпреварот од Бундеслигата против Келн, кој Баварците го добија со 1-3.
Клупските лекари немаат конкретен термин за враќање на искусниот фудбалер, но евидентно е дека ќе мора да паузира најмалку три недели. На шеснаесет натпревари од актуелното германско првенство, Лајмер запиша два гола и четири асистенции.









