Проблеми за Бајевиќ и БиХ: По Лулиќ и Колашинац го пропушта полуфиналето од Лигата на нациите!?

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Душан Бајевиќ ќе има главоболки за плеј-оф натпреварот од Лигата на нациите. Оваа селекција во полуфиналето ќе ја дочека Северна Ирска, па ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Словачка и Ирска.

Како што претходно беше најавено од страна на медиумите од Италија, капитенот на Лацио, Сенад Лулиќ кој најави дека ќе направи кам-бек и ќе и помогне на репрезентацијата да се пласира на Европското првенство, сепак поради повреда ќе биде спречен. 

Слична ќе биде и ситуацијата со Сеад Колашинац од Арсенал, кој на дуелот со Евертон минатиот викенд беше заменет на стартот. Медицинскиот тим на лондонскиот тим ги направи потребните испитувања и најави дека бекот ќе паузира до крајот на март. 

Може да се случи тој да биде опоравен до 26 март кога се играат полуфиналните дуели, но сепак нема да биде во целосен тренажен процес и малку веројатно е дека би настапил за БиХ.