Проблеми во Париз: Мбапе „уловен“ како плука по Нејмар (ВИДЕО)

Мбапе

Килиан Мбапе има големо его и не сака да биде во ничија сенка. Доказ за тоа е желбата да замине од ПСЖ, по доаѓањето на еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси.

Францускиот напаѓач посакува да ја исполни желбата и да заигра во Реал Мадрид. Засега клубот не му дозволува да го направи тоа, но налето ќе биде тешко да се убеди да остане во француската престолнина.

Тимот на Маурицио Почетино се мачи на неколку меча во низа. На последниот запиша победа на домашниот дуел против Монпелје, а Мбапе беше „уловен“ од камерите како им се жали на соиграчите поради односот на Нејмар на теренот.

„Повторно не ми додаде мене“, беа зборовите на офанзивецот.

Претходно беше сменет и исто така беше лут поради тоа, бидејќи видно беше лошо расположен додека го напушташе теренот.

Состави

Frederic Antonetti

4-4-2

    Кристоф Галтие

    4-4-2