Проблеми во Ливерпул: Мане одби да му подаде рака на Клоп во Манчестер! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул победија во одложеното дерби кај Манчестер Јунајтед (2-4), со што го одржаа сонот за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. „Црвените“ од шампион паднаа во битка за четвртото место, а вчерашниот триумф може да биде важен исчекор. 

Сепак, очигледно во редовите на Ливерпул владее некое незадоволство, а тоа се виде и по мечот во Манчестер. Јирген Клоп на теренот се поздравуваше со фудбалерите, но Садио Мане одби да му подаде рака и коментирајќи нешто за себе си замина од местото. 

  • Случката по мечот на „Олд Трафорд“:

Клоп иако „извиси“ од својата ѕвезда, на конференцијата за медиумите нагласи дека нема проблем меѓу него и Мане. Сепак, фановите се сомневаат дека односот не им е најдобар, а тоа може само да му наштети на Ливерпул во овие клучни периоди од сезоната.