Проблем за Шкупи: Исмаили има скинати лигаменти и сезоната е готова

Екипата на Шкупи ги доби најлошите можни вести околу повредата на Фати Исмаили, затоа што дефанзивецот има скинати лигаменти и за него сезоната е готова.

Исмаили се повреди на натпреварот против Струга Трим Љум и беше изнесен на носилки, а утврдено е дека скинати се лигаментите на левото колено. Отсуството на еден од главните дефанзивци сигурно ќе биде хендикеп за Шкупи.

Од таборот на чаирчани му посакаа брзо заздравување на Исмаили и порачаа дека го чекаат да се врати назад на терените.