• Иван Димовски
Реал Мадрид доби огромен удар во пресрет на големото дерби во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Се појавија информации дека најдобриот стрелец на тимот, Килијан Мбапе, би можел да го пропушти утрешниот спектакл поради повреда. Францускиот ас не се тренираше на последниот тренинг пред натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, што предизвика голема загриженост во редовите на „кралскиот клуб“.
Иако тренерот Чаби Алонсо не спомена никакви здравствени проблеми на прес-конференцијата, вниманието веднаш беше свртено кон фактот дека Мбапе и Едуардо Камавинга недостасуваа на теренот. Според информациите, станува збор за повреда на левата нога која го оддалечи францускиот напаѓач од тренажниот процес.
Мбапе е моторот на Реал оваа сезона со 25 гола во и четири асистенции, а е на добар пат да го собори и календарскиот рекорд на Кристијано Роналдо. Неговото влијание е огромно бидејќи учествуваше во половина од сите првенствени голови на тимот и дури во 75% од головите во ЛШ.






