Проблем за ПСЖ, пак се повреди освојувачот на „Златната топка“?

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, доби сериозна главоболка пред финалето во Лигата на шампионите, откако Осман Дембеле се повреди на натпреварот против Париз во последното коло од Лига 1. Францускиот напаѓач беше заменет уште во 27. минута поради непријатна болка на левата нога, а веднаш потоа замина кон соблекувалната.

Иако Дембеле го напушти теренот без видливи проблеми, француските медиуми пренесуваат дека станува збор за истегнување на мускулот. Во ПСЖ стравуваат од нова повреда на освојувачот на „Златната топка“

Луис Енрике реши да одмори дел од стартерите пред финалето против Арсенал, кое се игра на 30 мај во Будимпешта, но Дембеле сепак беше во почетниот состав. Тоа на крајот може скапо да го чини францускиот шампион.