Проблем за Македонија – одбраната ќе е „крпена“ против Словенија и Полска!

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за наредните предизвици во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година, а за октомвриските мечеви отворено е прашањето како ќе изгледа дефанзивата.

Повреди направија проблеми во плановите на Ангеловски, посебно во дефанзивната линија од тимот. Стефан Ристовски уште не е во полн тренажен процес, Егзон Бејтулаи е суспендиран поради жолти картони, а најновите лоши вести се повреди на Дарко Велковски и Ѓоко Зајков.

Првиот стопер на Ријека сигурно нема да игра со Словенија и Полска, додека за Зајков ситуацијата не е јасна, но дури и да се најде во тимот, прашање е каква ќе биде неговата подготвеност.

Од претходниот список, во одбраната на Македонија остануваат само Муслиу, Ристевски и Алиоски, па така, Ангеловски ќе мора да бара решение, или да менува формација. Постои можност да се земат играчи од У21-тимот, но и Милевски има квалификациски обврски во ист термин.

Македонија прво игра на домашен терен со Словенија, на 10 октомври, а потоа се соочува со најтешкото гостување во овој квалификациски циклус против Полска и во овие два меча од голема важност сигурно ќе ни биде потребна „цврста“ одбрана.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 10 8 1 1 18:5 13 25
2 АвстријаАвстрија 10 6 1 3 19:9 10 19
3 МакедонијаМакедонија 1 10 4 2 4 12:13 -1 14
4 СловенијаСловенија 1 10 4 2 4 16:11 5 14
5 ИзраелИзраел 10 3 2 5 16:18 -2 11
6 ЛетонијаЛетонија 10 1 0 9 3:28 -25 3