Проблем за Конте, Наполи остана без услугите на важен дефанзивец

Фудбалерот на Наполи, Хуан Хесус, ќе отсуствува од терените најмалку четири недели поради повреда на бутниот мускул, јавија италијанските медиуми. 

33-годишниот Бразилец сезонава одигра 17 натпревари во дресот на Наполи, а неговата повреда сигурно ќе му зададе мали главоболки на тренерот Антонио Конте, кој ќе мора да најде начин да го надополни неговото отсуство. 

Хесус се повреди за време на првенствената победа над Емполи (3-0) и можно е воопшто да не се врати до крајот на сезоната во која останаа уште шест кола. Наполи во моментов има само три бода заостанување зад лидерот Интер и тука се очекува голема битка за шампионската титула.