• Саше Љолес
Екипата на Милан во следните три недели ќе остане без услугите на одличниот Кристијан Пулишиќ, кој доживеа повреда на десната потколеница и ќе мора веднаш да замине на рехабилитација.
Информацијата ја потврдија и италијанските медиуми, а тоа значи дека „росонерите“ на Пауло Фонсека ќе бидат без американскиот репрезентативец на мечевите против Црвена Звезда, Џенова, Верона и Рома.
Пулишиќ сезонава одигра дваесет натпревари и забележа учинок од осум гола и пет асистенции, па неговото отсуство сигурно ќе се почувствува во првиот состав на миланскиот гигант. Враќањето на терените се очекува да се случи на почетокот на јануари, кога Милан ќе се соочи со Јувентус во италијанскиот Суперкуп.