• Саше Љолес
Шпанскиот репрезентативец и член на Барселона, Педри, доживеа повреда на натпреварот против Славија Прага во лигата на шампионите и за него следува пауза за рехабилитација.
Информацијата е потврдена од повеќе шпански медиуми, кои објавија дека Педри нема да биде во комбинација во следните триесет дена, што претставува нов проблем за тренерот Ханси Флик.
Барса извојува значајна победа во елитата и се доближи на чекор до Топ-8 екипите на табелата, но остана без младиот и талентиран офанзивец кој сезонава одигра 23 натпревари во сите конкуренции и забележа учинок од два гола и осум асистенции.







