Проблем за Даниел Аврамовски, Кајзери му ја „замрзна“ лиценцата!

Даниел Аврамовски се соочува со проблем во Турција, затоа што неговата екипа Кајзериспор реши да му ја „замрзне“ лиценцата иако тој се уште нема дебитирано за тимот.

Кајзериспор направи трансфери на повеќе странци, а Суперлигата дозволува девет странски и пет домашни. Откако во тимот дојде бројка од 15 странски фудбалери, јасно беше дека Даниел Аврамовски ќе биде „жртва“.

Постојат две опции - раскин на договор, или привремено „замрзнување“ на лиценцата. Кајзери се одлучи за втората опција најмалку до месец јануари.

25-годишниот Аврамовски направи трансфер во Турција од редовите на Вардар, но не заигра во Суперлигата затоа што пристигна повреден.