Проблем за Ангеловски, без Стефан Ристовски против Израел и Летонија

Селекторот Игор Ангеловски ќе има проблем на наредните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година, затоа што нема да може да смета на Стефан Ристовски.

Ристовски, кој ги брани боите на Спортинг Лисабон, има повреда на петицата и нема да конкурира за настап. Лекарите на португалскиот тим направиле се за да го вратат во редовен тренажен процес, меѓутоа повредата не е наивна.

Прогнозите се дека десниот бек нема да може да игра натпревари најмалку еден месец и на терените се очекува да се врати по репрезентативната пауза, кога Спортинг Лисабон го чека натпревар со Боависта.

Стефан Ристовски е важен дел од тимот на Игор Ангеловски, посебно кога се користи 3-5-2 формацијата, затоа што тој е универзален играч, доста корисен во нападот, а знае добро да се постави и во одбраната.

Натпреварите со Израел и Летонија се играат во септемврискиот термин. Прво е гостување во Беер Шева, на 5 септември, а четири дена подоцна се игра во Рига.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 6 4 1 1 8:2 6 13
2 СловенијаСловенија 1 6 3 2 1 12:5 7 11
3 АвстријаАвстрија 1 6 3 1 2 13:6 7 10
4 ИзраелИзраел 6 2 2 2 11:11 0 8
5 МакедонијаМакедонија 6 2 2 2 8:8 0 8
6 ЛетонијаЛетонија 6 0 0 6 1:21 -20 0