• Саше Љолес
Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, заработи незгодна повреда на коленото на тренингот пред Суперкупот на УЕФА и ќе отсуствува од терените најмалку шест недели, јавија шпанските медиуми.
Присутните на тренингот велат дека Камавинга вреснал од болка, што веднаш било знак дека не се работи за наивна повреда. Прв напомош притрчал Лука Модриќ, кој се обидел да го смири, но францускиот репрезентативец во плач го напуштил теренот и веднаш заминал на дополнителни прегледи.
Според првичните наоди, го очекува пауза од најмалку шест недели, што автоматски значи дека нема да може да настапи на мечот против Аталанта и сигурно ќе го пропушти почетокот од новата сезона во Примера.