Пристигнува првата финансиска „инјекција“ за Чапекоенсе – ПСЖ ќе донира 40 милиони евра!

Голема трагедија се случи утрово во Колумбија, каде падна авион во кој патуваа фудбалерите и членовите на стручниот штаб на бразилскиот клуб Чапекоенсе. 

Овој клуб во последните години запиша нови страници во фудбалската историја на Бразил и беше споредуван со актуелниот шампион на Англија Лестер Сити. За само четири години од четвртата по ранг лига во Бразил успеа да се натпреварува во најквалитетната, а пред пет дена обезбеди пласман во финалето од Копа Судамерикана против тимот на Атлетико Насионал. Сепак, поради денешната трагедија, во која загинаа речиси сите членови на Чапекоенсе, останува во воздух да виси прашањето што ќе се случи со овој клуб во иднина?

Сепак, за да нема целосно згаснување на малиот клуб од Бразил и неговата стабилизација да трае пократок период, пред неполн час странските медиуми објавија вест дека раководството на францускиот шампион ПСЖ ќе донира неверојатни 40 милиони евра. Засега нема официјална потврда од клубот, но доколку оваа информација е вистинита, тогаш сигурно секој фудбалски фан со други очи ќе го гледа францускиот шампион.