Пристигна шестото засилување: Бразилецот Барбоса нов фудбалер на Работнички

Македонскиот прволигаш Работнички со засилено темпо работи на трансфер-пазарот оваа зима, откако денес го доби и шестото засилување.

Бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор е најновата аквизиција на „романтичарите“ за пролетниот дел од првенството. Тој има 25 години, ќе ја засили навалната линија во тимот и потпиша договор до јули 2020 година.

Барбоса веќе се приклучи на тренинзите на тимот. Тој настапуваше во повеќе бразилски клубови, Гремио Анаполис, Гојас, Линенсе, Апаресиденсе, како и искуство од Бахраин, во клубот Ал Рифа.

Во овој преоден рок, Работнички се засили и со Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.