Пристигна потврдата: Гледи Мици нов фудбалер на Шкендија (ВИДЕО)

По успехот во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите, македонскиот првак Шкендија го потврди своето најново засилување, Гледи Мици. 

Левиот бек, кој своевремено беше и младински репрезентативец на Албанија, редовите на тетовчани ги засили од тимот на Скендербег, и се очекува да биде вистинска замена за стартерот Цуцули. Со доведувањето на 27-годишниот дефанзивец, Ќатип Османи ќе ја зацврсти одбраната, која ги покажа сите слабости на реванш-дуелот со велшкиот првак ТНС.

Македонскиот шампион и освојувач на Куп-титулата наредниот вторник на „Филип Втори"  од 20:15 часот ќе го играат првиот дуел против тимот од Тираспол.