Пристигна големото засилување на Баерн, Сане претставен во Минхен

Во моментите кога сега веќе неговиот поранешен клуб Манчестер Сити го игра дербито со Ливерпул, Лерој Сане се фотографираше со новиот дрес, во кој ќе тресе мрежи во иднина. 

Од вечерва и официјално Баерн Минхен е посилен со уште еден германски репрезентативец, откако Сане потпиша договор со Баварците до јуни 2025 година. Засега нема точна информација колку чинеше овој трансфер, но се претпоставува дека Сити ќе инкасира 60 милиони евра. 

Сане на неколку пати одбиваше да потпише нов договор со тимот на Пеп Гвардиола, па јасно беше дека нема повеќе да игра во Премиер лигата. 

24-годишниот германски репрезентативец покрај за Манчестер Сити, во кариерата играше и за Шалке 04.