• Мартин Танасковски
Големото дерби на третото коло во Серија А меѓу Јувентус и Милан заврши без победник, откако двата тима ремизираа 1-1 на стадионот во Торино. Иако десеткуван од повреди, Јувентус остави подобар впечаток на теренот, но во текот на натпреварот делуваше како и двата тима повеќе да размислуваат како да не загубат отколку како да победат.
- Јувентус - Милан 2-2:
Првото полувреме не донесе многу возбудувања. „Старата дама“ имаше неколку обиди кон противничкиот гол, а меѓу нив и ударот на Керим Алајбеговиќ, кој за првпат доби шанса во стартниот состав. Сепак, мрежите мируваа до паузата. Во продолжението Јувентус беше поблиску до водство, а Милан го спаси стативата по ударот на Консеисао. Сепак, гостите први зададоа удар. Во 68. минута, двајцата резервисти внесени од Рубен Аморим креираа гол за „росонерите“. Самуел Чуквуезе испрати одлична топка до Алфаџа Сисе, а 19-годишниот напаѓач одлично се снајде и ја затресе мрежата за 0-1.
Интересно, тоа беше единствениот удар на Милан во рамките на голот, но за малку ќе им донесеше цел плен. Кога изгледаше дека гостите ќе си заминат со победа, Јувентус стигна до израмнување во судиското продолжение. По центаршут на резервистот Купмајнерс, Федерико Гати највисоко скокна во шеснаесетникот и со удар со глава ги постави конечните 1-1.
Во следното коло Милан го очекува ново големо дерби, овојпат на гостински терен против Лацио, додека Јувентус ќе му гостува на Сасуоло.
- Фрозиноне - Венеција 3-2:
- Болоња - Сасуоло 2-2:
Фрозиноне запиша втора победа по ред и пред своите гледачи го совлада тимот на Венеција со 3-2. Парма и Монца играа без победник со по еден погодок (1-1), а Болоња и Сасуоло со по два (2-2).
- Парма - Монца 1-1:
Колото се затвора утре со натпреварите Каљари - Лече и Лацио - Удинезе.

