Принцот Вилијам со солзи и со ладно пиво го прослави трофејот на Астон Вила

Принцпт Вилијам, познат навивач на Астон Вила, беше дел од прославата по историската победа на клубот во финалето на Лига Европа, каде англискиот тим го совлада Фрајбург со 3-0 и го освои првиот европски трофеј по повеќе од четири децении.

Британскиот принц пристигна во Истанбул за да го следи натпреварот во живо, а по завршувањето на мечот се приклучи на прославата со фудбалерите во соблекувалната. Според извештаите, Вилијам бил видно еуфоричен и емотивен, а дел од прославата ја поминал во опуштена атмосфера заедно со играчите, каде бил забележан и со пијалак во рака.

Фудбалерите на Астон Вила, предводени од тренерот Унаи Емери, го споделија моментот со својот познат навивач, кој со години јавно ја поддржува екипата и често присуствува на нивните натпревари.

По натпреварот, принцот им честитал на играчите за големиот успех и го пофалил целиот тим за историската сезона, која заврши со освојување на европски трофеј и враќање на клубот на големата сцена.

Прославата во Истанбул уште еднаш ја потврди блиската врска помеѓу Астон Вила и нивниот најпознат навивач, кој овојпат беше дел од една од најголемите ноќи во историјата на клубот.