Принцот Вилијам ги испрати Англичаните по европско злато во Германија

Британскиот принц Вилијам ги посети англиските фудбалери пред патувањето на Европското првенство во Германија.

Принцот Вилијам, кој ја извршува и функцијата претседател на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), се сретна со репрезентативците и селекторот Герет Саутгејт во англискиот фудбалски центар „Сент Џорџ Парк“ во Бартон на Трент. 

На овој настан присуствуваа и студенти од Мидленд за да го одбележат збогувањето со англиската репрезентација.

Саутгејт и неговите избраници вечерва пристигнаа во Германија, каде в недела од 21:00 часот во Гелзенкирхен против Србија ќе го одиграат првиот натпревар во групата Ц.

Покрај Англија и Србија, во групата се и Словенија и Данска.