Примера испитува расизам и смртни закани кон Винициус јуниор

Винициус

Челниците на Примера прибираат информации со кои ќе докажуваат дека навивачите на Атлетико Мадрид испратиле расистички извици и смртни закани кон ѕвездата на Реал Мадрид, Винициус јуниор.

Дел од публиката викаше „Виницијус умри“, а други го навредуваа и го нарекуваа „мајмун“. Во пресрет на дербито, Коке изјави дека Бразилецот ќе наиде на жестока реакција, ако одлучи да танцува по постигнат погодок. Асот на „кралевите“ тоа го направи по водечкиот гол на Родриго во првиот дел.

Атлетико се огласи по дуелот со градскиот ривал и испрати порака до своите приврзаници: „Страствено навивај за Атлетико и почитувај го противникот“.

Реал запиша победа од 1-2 и остана максимален на врвот на табелата во шпанското првенство.

Состави

Диего Симеоне

3-5-2

    Карло Анчелоти

    4-3-3