Примера ги потврди термините – фудбал секој ден, еве кога и што ќе гледаме!

Шпанска Примера се враќа на програмата во средината на месец јуни, а надлежните ги потврдија термините на натпреварите и одредија кога и во која саатница тие ќе се играат.

Првиот натпревар по рестартот ќе биде дербито меѓу Севиља и Бетис кое ќе се игра на 11 јуни од 22:00 часот.

  • 28. КОЛО

Севиља - Бетис (11 јуни, 22:00 часот)
Гранада - Хетафе (12 јуни, 19:30 часот)
Валенсија - Леванте (12 јуни, 22:00 часот)
Еспањол - Алавес (13 јуни, 13:00 часот)
Селта - Виљареал (13 јуни, 17:00 часот)
Леганес - Ваљадолид (13 јуни, 19:30 часот)
Мајорка - Барселона (13 јуни, 22:00 часот)
Атлетик Билбао - Атлетико (14 јуни, 13:00 часот)
Реал Мадрид - Еибар (14 јуни, 19:30 часот)
Реал Сосиедад - Осасуна (14 јуни, 22:00 часот)

  • 29. КОЛО

Леванте - Севиља (15 јуни, 19:30 часот)
Бетис - Гранада (15 јуни, 22:00 часот)
Хетафе - Еспањол (16 јуни, 19:30 часот)
Виљареал - Мајорка (16 јуни, 19:30 часот)
Барселона - Леганес (16 јуни, 22:00 часот)
Еибар - Атлетик Билбао (17 јуни, 19:30 часот)
Ваљадолид - Селта (17 јуни, 19:30 часот)
Осасуна - Атлетико (17 јуни, 22:00 часот)
Алавес - Реал Сосиедад (18 јуни, 19:30 часот)
Реал Мадрид - Валенсија (18 јуни, 22:00 часот)

Клубовите од Примера ќе ја стартуваат последната фаза на тестирање и подготовки по понеделник. Засега, може да се тренира, во помали групи со максимум 14 фудбалери. Македонија има двајца фудбалери во најквалитетната лига во Шпанија, тоа се Енис Барди (Леванте) и Александар Трајковски (Мајорка).